ОСКАРОВКАТА СЕ СРЕТНА СО ЗЕЛЕНСКИ Џесика Честејн во Киев (ФОТО)

Во текот на средбата, Зеленски ѝ се заблагодарил на Честејн на посетата како и на пофалбите за украинскиот народ кога рекла дека е „многу храбар и силен“.

849

Холивудската актерка и продуцентка Џесика Честејн се сретна денеска во Киев со украинскиот претседател Володимир Зеленски и шефот на неговиот кабинет Андриј Јермак.

Оскаровката Честејн пристигнала со воз и била пречекана од официјалната украинска делегација на главната железничка станица во Киев.






Во текот на средбата, Зеленски ѝ се заблагодарил на Честејн на посетата како и на пофалбите за украинскиот народ кога рекла дека е „многу храбар и силен“.

Украинските медиуми пишуваат дека Честејн ќе ја посети и детската болница „Охматдит“ во Киев, како и Ирпин, град кој беше тешко оштетен уште во февруари кога Русија ја нападна Украина.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини