Холивудската актерка Ема Стоун морала да ја откаже венчавката поради пандемијата со коронавирусот.
Оскаровката требаше да се омажи за свршеникот Дејв МекКери во Лос Анџелес во текот на претстојниот викенд, но двојката одлучила да ја одложи венчавката на неодредено време, пренесува „Пејџ сикс“.
Ема Стоун и нејзиниот свршеник ги чуваа деталите на својата луксузна венчавка. Свршувачката ја објавија во декември со заедничка фотографија на која Ема носи дијамантски прстен. Тие треба да одредат нов датум, бидејќи советите на јавното здравство во САД, како и во остатокот на светот, се менуваат од час во час.