Хоакин Феникс (45) има уште една причина за славење. Покрај освојувањето на Оскар оваа година за најдобар машка улога во филмот „Џокер“, актерот и неговата партнерка, исто така актерка Руни Мара (35) го чекаат своето прво дете, пренесува „Пејџ сикс“.
Извор близок на парот откри дека Мара, која во последно време носи широка облека за да го покрие трудничкото стомаче, е околу шест месеци бремена.
Двојката се сврши кон средината на минатата година, а се запознале на сетот на филмот „Таа“. Сепак, тие започнале врската во 2017 година кога го снимале филмот „Марија Магдалена“.
Интересно е што Феникс во една прилика признал дека на почетокот бил убеден дека Мара го презира. Подоцна, како што вели, тој сфатил дека таа била заинтересирана за него, но не можела да го покаже тоа поради нејзината срамежливост.
– Таа е единствената девојка што некогаш сум ја пребарувал на интернет… Бевме само пријатели, пријатели преку имејл. Никогаш не го сторив тоа. Никогаш не сум гледал девојки онлајн – открил оскаровецот.
Инаку, нивната венчавка, според пишувањето на странските медиуми, ќе биде интимна. Иако двајцата го поминуваат поголемиот дел од времето пред камерите и рефлекторите, идните сопружници не живеат живот како другите ѕвезди.
Тие го избегнуваат типичниот холивудски начин на живот, не одат на забави организирани од ѕвездите и во отмени ресторани. Исто така, јадат исклучиво зеленчук и овошје од својата градина.
FOTO: PInterest