Американскиот актер Џаред Лето на својот инстаграм-профил објасни дека е во пустината без телефон и дека не бил свесен за пандемијата на коронавирусот!
Оскаровецот и фронтмен на групата „30 секунди до Марс“ поминал две недели во пустината, каде што вежбал медитација.
Кога „излегол“ – ШОК!
„Вау. Јас почнав со тивка медитација во пустината пред 12 дена. Бевме тотално изолирани. Без телефони, без комуникација. Немавме поим што се случува надвор од „установата“. Вчера излеговме во еден поинаков свет. Оној што е променет засекогаш. Умот застанува, најмалку речено. Добивам пораки од пријатели и семејства од целиот свет и дознавам што се случува. Се надевам дека вие и вашите добро. Испраќам позитивна енергија на сите. Останете внатре (дома). Останете безбедни “, напишал актерот.
Неговата приказна на некои им била чудна, со оглед на тоа дека актерот бил активен на социјалните мрежи минатата недела, додека други коментирале дека тоа е типичниот Џаред Лето.
„Подобро да останеше во пустина, ова е лудница…“, коментирале.