По објавувањето на неговите мемоари „Зелени светла“, холивудскиот актер Метју Меконахи (51) и неговата мајка Кеј (88) го дадоа првото заедничко интервју.
Нивниот однос бил затегната во последниве години, а за нивното смирување зборувале во подкастот на „Разговори на црвената маса“, воден од Џејда Пинкет Смит, Вилоу Смит и Адриен Банфилд-Норис.
Славниот оскаровец бил повреден од својата мајка кога таа на медиумите им открила детали од нивните приватни разговори и ги водела телевизиските екипи околу семејната куќа и им покажувала каде нејзиниот син ја изгубил невиноста.
Минатиот месец, радио водителот Хауард Стерн го праша Меконахи дали престанал да зборува со неговата мајка после тоа, а Меконахи одговори дека тие години биле тешки.
Тој додал дека ѝ простил со текот на времето, а во моментов Кеј, додека трае пандемијата на коронавирусот, живее во истиот дом со синот, неговата сопруга Камила Алвеш и нивните деца Леви (12), Вид (10) и Ливингстон (7).
– Беше тешко осум години, но помина и сега сме на другата страна. Сè е во ред – рекол тој и додал дека повеќе нема проблеми меѓу нив.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм