Оскаровецот доби син: Обожавателите во солзи поради името на детето ФОТО

768

Oскаровецот и неговата 10 години помлада колешка, првпат станаа родители, а изборот на името на нивното дете е инспирирано од посебна личност.

Хоакин Феникс (45) и Руни Мара (35), добија син, изјавил на Филмскиот фестивал во Цирих, режисерот Виктор Косаковски.






Како што додал тој, детето го добило името Ривер.

На обожавателите на Хоакин и филмоманите, ова име им е многу познато, поради тоа што Ривер Феникс е прерано починатиот и постар брат на Хоакин.

Трагично починатиот актер остана запаметен по улогите во филмовите „Stand By Me“, „Running on Empty“ и „My Own Private Idaho“, починал на 31 октомври 1993 година, по предозирање во еден ноќен клуб во Лос Анџелес.

Хоакин кој тогаш имал само 19 години, бил со него во тој момент и тој повикал полиција. Во потресниот повик кој што подоцна се појавил во медиумите, расплаканиот Хоакин викал: „Има напад, ве молам, побрзајте, тој умира“.

Хоакин никогаш не криел колку ова болно искуство влијаело на него и каква трага оставило.

– Во секој филм кој што го снимив, на некој начин постои врска со Ривер. Тој е мојатаинспирација. Ја чувствувам неговата присутност, како постојано да е тука и да ме води – изјавил своевремено Хоакин.

 

ФОТО: Инстаграм/Твитер

Поврзани содржини