ОСКАРИТЕ ЈА НАПУШТААТ ТЕЛЕВИЗИЈАТА, ЌЕ СЕ ЕМИТУВААТ НА ЈУТЈУБ Започнува нова ера на стриминг

Почнувајќи од 2029-та година Оскарите ќе се префрлат од ABC на YouTube, со што ќе заврши 53-годишното емитување на мрежната телевизија.

40

Од 2029-та година, доделувањето на Оскарите, еден од најзначајните светски телевизиски настани, ќе се префрли од телевизијата „АБЦ“ на платформата „Јутјуб“, соопшти Американската академија за филмски уметности и науки.

YouTube ги освои ексклузивните глобални права со повеќегодишен, деветцифрен договор, победувајќи ги Disney/ABC и NBCUniversal.






Ова значи дека церемонијата ќе се емитува во живо и бесплатно низ целиот свет, а партнерството вклучува покривање на црвениот тепих, номинации, образовни програми и дигитализација на музеите.

Овој потег го одразува намалувањето на телевизиските рејтинзи и притисокот на Холивуд да допре до помладата, глобална публика.

Телевизијата Еј-Би-Си ќе го пренесува настанот до 2028 година, кога ќе се одржи јубилејното 100-то доделување на Оскарите, а од 2029 до 2033 година, Јутјуб ќе ги поседува ексклузивните права за пренос во живо.

Со овој договор свеченото доделување ќе биде достапно бесплатно за публиката ширум светот, со повеќејазичен аудиопренос со титлување.

Поврзани содржини