ОСКАР 2023 Апсолутна доминација на „Сè насекаде одеднаш“, ги собра наградите во сите најважни категории (ВИДЕО)
Овогодинешното, 95-то доделување на Оскарите доаѓа со една голема промена која ќе го преврти начинот на кој го доживуваме повеќечасовното делење златни статуетки за филм - црвениот тепих веќе не е црвен, туку бојата на шампањот.
Овогодинешното, 95-то доделување на Оскарите доаѓа со една голема промена која ќе го преврти начинот на кој го доживуваме повеќечасовното делење златни статуетки за филм – црвениот тепих веќе не е црвен, туку бојата на шампањот.
Водител беше Џими Кимел, за кого ова е трет ангажман за Оскар, кој си ја заврши работата на ниво, а вечерта помина без шамари и премногу изненадувања.
View this post on Instagram
Во ноќта без многу големи изненадувања и непредвидени ексцеси, филмот на режисерите Даниел Кван и Даниел Шајнарт, за семејство кинески емигранти кои патуваат низ мултиверзуми и ја откриваат смислата на животот, апсолутно триумфираше во речиси сите главни категории. Оставија нешто и за филмот „Кит“ и Брендон Фрејзер кој доби Оскар за најдобар актер. Сепак, и двата филма се дел од продуцентската куќа „А24“, која е специјализирана за мали независни филмови.
View this post on Instagram
Ја гледавме апсолутната доминација на филмот „Сè насекаде одеднаш“ (Everything Everywhere All at Once), кој собра дури седум награди од 11 номинации во сите важни категории (режисери, главна актерка, спореден актер, споредна женска улога, оригинално сценарио, монтажа и најдобар филм), додека „Елвис“, „Тажачките на Инеширин“ и „Тар“ беа најголемите губитници на ноќта.
View this post on Instagram
Свој голем момент имаше и Брендан Фрејзер, кој доби Оскар за најдобра машка улога за своето остварување во филмот „Банши на Инеширин“, Џејми Ли Кертис за споредна женска улога и Ки Хај Квуан за споредна машка улога.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Германската адаптација на „На запад ништо ново“, ремек-делото на романсиерот Ерих Марија Ремарк за ужасите од Првата светска војна, во Лос Анџелес го освои Оскар за најдобар странски филм.
ФОТО: Инстаграм/ЕПА