ЈОСИП ПЕРИЌ ЗАБЛЕСКА Прва победа за Еурофарм Пелистер во Лига Европа

По три кола, Еурофарм Пелистер има три бода и во моментов е на третото место во Д-групата. АЕК Атина остана на четири бода за во моментов второ место. Лидер е Спортинг со четири бода и натпревар помалку.

273

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва во Халкида забележаа победа над домашниот АЕК во меч од ЕХФ ракометната Лига Европа.

Битолчани до бодовите во Грција стигнаа по триумфот со 30:27, разлика од три гола остварена уште на полувремето (16:13). Македонскиот претставник во првиот дел во два наврата имаше и +5 (9:4 и 16:11).






Пелистерци разликата ја одржуваа и во текот на второто полувреме, а на петнаесетина минути пред крајот водеа со највисоки шест разлика (25:19). До крајот уште неколку пати беше +6 за Еурофарм Пелистер за рутински финиш и сигурна победа.

Најефикасен во победничкиот тим беше Јосип Периќ со осум погодоци.

По три кола, Еурофарм Пелистер има три бода и во моментов е на третото место во Д-групата. АЕК Атина остана на четири бода за во моментов второ место. Лидер е Спортинг со четири бода и натпревар помалку.

Поврзани содржини