ОСИМЕН САКА ВО ЧЕЛСИ, А НЕ ВО ПСЖ Наполи ќе бара 130 милиони евра

Парижаните го гледаат Нигериецот како замена за Килијан Мбапе, кој реши да го напушти клубот ова лето. Сепак, самиот Осимен е склон да се пресели во лондонскиот клуб.

244

Виктор Осимен одлучи кариерата да ја продолжи во Премиер лигата. Според новинарот Емануеле Камарото, фаворити во борбата за напаѓачот на Наполи се Челси и ПСЖ.

Парижаните го гледаат Нигериецот како замена за Килијан Мбапе, кој реши да го напушти клубот ова лето. Сепак, самиот Осимен е склон да се пресели во лондонскиот клуб.






Се известува дека Наполи очекува да добие околу 130 милиони евра за Осимен, што одговара на сумата наведена во неговиот договор.

Оваа сезона Осимен има осум гола и две асистенции на 14 натпревари во Серија А.

Поврзани содржини