Оштетени ски-патеките на Шапка, од денеска нема скијање

1,774

Ски-лифтовите и жичниците на Попова Шапка од денеска нема да работат затоа што се оштетени ски-патеките поради неповолните временски услови, информира ски-центарот. Деновиве снегот се топеше и значително се намали снежната покривка, а немаше нови врнежи.

– Ги информираме љубителите на скијањето дека од денеска (26.12.2020) ски-центарот Попова Шапка нема да биде во функција поради неповолните климатски услови од кои се оштетени ски-патеките. Чекаме врнежи од снег. За каква било промена на состојбата навремено ќе известиме – соопштија од ски-центарот.






На 16 декември за првпат оваа зима беа пуштени во употреба жичниците „Св. Илија” и „Церипашина“ и ски–лифтовите „Аеродром“ и „Ге“, откако претходно се работеше на подготовка на терените.
Шестоседната жичница, која беше пуштена во употреба во февруари 2020 година не беше ставена во функција овој зимски период.

 

Поврзани содржини