ОШТЕТЕНИ БОЛНИЦИ И ВОЕНИ ОБЈЕКТИ ВО ИРАН Израел гаѓал и подземно складиште за ракети

Израелските сили ги нападнале Техеран и Централен Иран со повеќе од 80 авиони.

248

Иранските државни медиуми денеска објавија големи штети низ целата земја по ноќните американско-израелски воздушни напади, вклучително и на две болници во југозападната покраина Хузестан.

Според државната телевизија, медицинскиот центар Рази во градот Ахваз и болницата Имам Али во Андимешк биле сериозно оштетени.






Државниот радиодифузер, исто така, објави дека цел на нападите бил и аеродромот Мехрабад во западен Техеран. Погодени се и воени објекти во Техеран, како и во централен, западен и северозападен Иран.

Израелската армија (ИДФ) утрово објави дека започнала нов, втор голем бран напади врз Техеран и Исфахан.

– Армијата започна голем бран напади врз инфраструктурата на терористичкиот ирански режим во Техеран и Исфахан – соопшти Армијата.

Претходно, ИДФ објави дека синоќа нападнале цели во Техеран, вклучувајќи подземно складиште за балистички ракети и вишото воено училиште на Корпусот на иранската исламска револуционерна гарда, Универзитетот Имам Хусеин.

Израелските сили ги нападнале Техеран и Централен Иран со повеќе од 80 авиони.

Поврзани содржини