ОШТЕТЕНИ 18 ВОЗИЛА КАЈ КАТНАТА ГАРАЖА ЗАД „БУЊАКОВЕЦ“ Едно лице е приведено по немилиот настан во општина Центар
Разговарав и со командирот на ПСОН Центар, кој ме информираше дека оштетени се вкупно 18 возила и веќе има приведено едно лице, кое во моментов се наоѓа во полициска станица, изјави градоначалникот.
Искршени прозорци и шофершајбни на 18 возила беше сликата која утринава граѓаните на општината Центар во Скопје ја затекнаа на катната гаража позади трговскиот центар „Буњаковец“. Полицијата привела едно лице по немилиот настан, а градоначалникот на општината, Горан Герасимовски разговараше со командирот на ПСОН.
– Разговарав и со командирот на ПСОН Центар, кој ме информираше дека оштетени се вкупно 18 возила и веќе има приведено едно лице, кое во моментов се наоѓа во полициска станица – изјави градоначалникот.
Изминатиот период, Герасимовски заедно со општинските служби и припадници на Министерството за внатрешни работи оствари неколку средби со граѓани во повеќе центарски населби, на кои се разговараше и за воведување на тн. маалски позорникари, со цел зачувување на мирот и зголемување на степенот на безбедност во сите маала.
Градоначалникот Герасимовски и Општина Центар апелираат до граѓаните, доколку забележат сомнителни дејства во околината на нивните домови и живеалишта, истите да ги пријават до МВР со повик на бројот 192.