ОШТЕТЕН И ЧАСОВНИКОТ КОЈ ЗАСТАНА ЗА ВРЕМЕ НА ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО 1963 ГОДИНА Оштетена е стрелката која ги означува минутите

0

На социјалните мрежи се појави фотографија на која се гледа оштетување на часовникот на Музејот на град Скопје, кој е потсетник на катастрофалниот земјотрес кој во 1963 година во погоди главниот град.

Во вчерашното невреме оштетена е стрелката која ги означува минутите. Часовникот покажува време 5 часот и 17 минути, тоа е моментот на земјотресот кога и часовникот запрел со работа.






Во вчерашното невреме, како што информираше МВР, оштетени се и објектите на Основното јавно обвинителство, комплексот „Вила Водно“, Аеродромската полициска база Петровец, објектот „Нова Македонија“, како и објектите на Министерството за финансии, Министерството за земјоделство и Јавното обвинителство.

Според пријавите од граѓани, евидентирани од Министерството оштетени се 117 возила, 35 покриви, паднати се 189 дрва, 7 семафори, пријавени се 5 пожари и 15 повредени лица.

Поврзани содржини