ЌОСЕТО ЌЕ МУ ПРАВИ ДРУШТВО НА ГЕНЕРАЛ АПОСТОЛСКИ СПРОТИ „ИСТ ГЕЈТ“?! Данела Арсовска не се откажува од враќање на споменикот

Сега, на седницата на Советот на Град Скопје што ќе се одржи в понеделник повторно како точка на дневен ред е поставена предлог одлуката за изменување на одлуката за подигање, чување, одржување, заштита и користење на спомен- обележје на Андон Лазов Јанев – Ќосето, објави Вечер.

767

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска не се откажува од намерата повторно да се постави спомен обележјето на Андон Лазов Јанев – Ќосето. Прв пат нејзината иницијатива беше поднесена пред три месеци до Советот на Град Скопје за повторно поставување на спомен обележјето, со став дека нема да дозволи тој да ‘рѓосува по магацини. Но, тогаш таа беше одбиена од советниците.

Сега, на седницата на Советот на Град Скопје што ќе се одржи в понеделник повторно како точка на дневен ред е поставена предлог одлуката за изменување на одлуката за подигање, чување, одржување, заштита и користење на спомен- обележје на Андон Лазов Јанев – Ќосето, објави Вечер.






Според оваа предлог одлука, наместо кај судовите, каде што претходно беше поставен споменикот, се предлага нова локација и тоа на крстосница на булевар „Александар Македонски“ со улицата „Беласица“, на триаголникот северо-источно од кружниот тек“, односно во близина на трговскиот центар „Ист Гејт“.

Тоа значи дека спомен обележјето ќе му прави друштво на споменикот на генерал Михајло Апостолски, кој како што е познато, се наоѓа токму на средината на овој кружен тек.

Поврзани содржини