Јосеф Сајер од партијата на Орбан е европратеникот од ковид оргијата во Брисел

Јосеф Сајере познат како ултраконзервативен, тој попладнево издал соопштение со извинување до неговото семејство и неговите гласачи поради учество во „приватна забава“.

645

Унгарските медиуми потврдија денеска дека европратеникот фатен во ковид оргија во центарот на Брисел од страна на полицијата додека траат рестрикциите поради вирусот, е Јосеф Сајер од партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Фидес, јави дописничката на МИА од Брисел.

Сајер е познат како ултраконзервативен, тој попладнево издал соопштение со извинување до неговото семејство и неговите гласачи поради учество во „приватна забава“.






Во ковид оргијата откриена викендов од страна на бриселската полиција учествувале 25 мажи, меѓу кои и европски дипломати. Европратеникот Сајер се обидел да избега кога пристигнала полицијата, а потоа пробал да се оправда со парламентарниот имунитет.

Поврзани содржини