📷 ОСАМНА ДОСЕГА НЕВИДЕНА ФОТОГРАФИЈА ОД КЕЈТ МИДЛТОН „Ти праќам многу љубов…“
„Испраќам толку многу љубов на принцезата од Велс и на целото нејзино семејство, ѝ порачал актерот Мартин Кемп (62) на принцезата Кејт Мидлтон (42), која неодамна објави дека боледува од рак.
„Испраќам толку многу љубов на принцезата од Велс и на целото нејзино семејство, ѝ порачал актерот Мартин Кемп (62) на принцезата Кејт Мидлтон (42), која неодамна објави дека боледува од рак. Кемп објави фотографија на која принцезата позира со поп-ѕвездата од 80-тите и неговата сопруга Ширли и децата, водителот Роман Кемп и ќерката Харли Мун.
Кејт со четиричленото семејство се дружела минатата година кога ги посетила во нивниот дом во Хертфордшир. Таа потоа снимила видео со Роман за својата кампања за ментално здравје наречена „Shaping us“.
View this post on Instagram
Во заедничко видео, Роман се присетил на своето детство и признал дека воспитувањето деца е предизвик во денешно време, кога трошоците за живот и финансиските пречки се високи. Кејт тогаш се согласила со него.
– Апсолутно. За ова станува збор, секое семејство е различно и притисоците со кои сите се соочуваме се различни. Иако се крева свеста за важноста на раното детство, не се работи за ставањето дополнителен притисок врз семејствата, туку всушност се зборува дека им е потребна поддршка и помош за повторно одредување приоритет на семејниот живот, домашниот живот и сето она што е потребно денес за воспитување на децата, бидејќи тоа е тешко – порачала принцезата.
Кејт ја откри својата дијагноза во видеопорака на социјалните мрежи. Таа објасни дека и бил дијагностициран рак по операцијата на абдоменот во јануари.
– Операцијата беше успешна, но тестовите по операцијата покажаа дека бил присутен рак. Како што можете да замислите, за ова беше потребно време. Ми требаше извесно време да се опоравам од тешката операција пред да можам да го започнам лекувањето. Но, што е најважно, ни требаше време да им објасниме сè на Џорџ, Шарлот и Луис на начин кој е соодветен за нив и да ги убедиме дека ќе бидам добро – рече принцезата, меѓу другото.
ФОТО: Инстаграм