ОСАКА СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД АВСТРАЛИЈА ОПЕН Со скршено срце објави дека ѝ треба пауза

91

Јапонката тенисерка Наоми Осака објави денеска дека се повлекува од Австралија опен пред дуелот од третото коло против домашната тенисерка Медисон Инглис.

„Морав да донесам тешка одлука да се повлечам со цел да се справам со нешто за кое на моето тело му беше потребно внимание, по мојот последен натпревар. Бев толку возбудена што ќе продолжам и овој настап ми значеше најмногу, па затоа запирањето тука ми го крши срцето“, напиша Осака на социјалната мрежа Инстаграм.






Инглис, со повлекувањето на Осака, автоматски се пласираше во осминафиналето во кое ќе игра против втората тенисерка во светот, Ига Швјонтек од Полска.

Осака (ВТА – 17) во првото коло ја победи Хрватката Антонија Ружиќ, а во второто беше поуспешна од Романката Сорана Кирстеа.

Поранешната светска тенисерка број 1, Осака, два пати ја освои титулата на Австралија Опен, во 2019 и 2021 година.

Поврзани содржини