ОРУЖЕНА ПРЕСМЕТКА ВО ЧАИР Двајца повредени, по напаѓачите се трага
Две лица од 22 и 23 години се повредени откако на подрачјето на Чаир биле нападнати од неколку вооружени лица.
Двајца скопјани се повредени во оружен напад на подрачјето на Чаир во Скопје. Тие биле нападнати од неколку вооруѓени со огнено оружје и со остар предмет. Случајот е пријавен во полиција, а по напаѓачите се трага.
„На 07.04.2024 во 18.58 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Чаир, А.П.(22) и А.П.(23), двајцата од Скопје, со огнено оружје и остар предмет биле нападнати од неколку лица, при што А.П.(23) бил повреден со остар предмет, додека А.П.(22) се здобил со повреди од огнено оружје. Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок“ – стои во известувањето од МВР.