ЌОРСОКАКOT ВО БУГАРИЈА ИМ ГОДИ НА ПРОРУСКИТЕ СИЛИ Шест партии влегуваат во новиот парламент

Партиите Преродба и БСП отворено ги поддржуваат политиките на Кремљ, пишува Монд, откривајќи дека прекарот на бугарскиот политичар Костадин Костадинов е Копејкин.

526

Се чини дека нема победник на парламентарните избори во Бугарија, а резултатите упатуваат на тоа дека проруските влијанија во државата ќе се засилуваат. Колацијата ГЕРБ-СДС предводена од Бојко Борисов има сосем мала предност пред либерлната листа предводена од Кирил Петков, пишува француски „Монд“.

Од 93,39 отсто пребројани гласови, за коалицијата ГЕРБ-СДС гласале 620.522 лица или 26,47% од гласачите, за коалицијата ПП-ДБ се изјасниле 585.189 лица или 24,96%, пренесува Бгнес. Тоа е благо водство за Борисов.






Шест партии ќе влезат во новиот 49-ти парламент во Бугарија. Но, ќе биде тешко да се состави влада. Според Евелина Славкова, аналитичар од Тренд, цитирана од изданието, ова е најлошото можно сценарио: „Колку се поблиску резултатите, толку потешко ќе биде да се формира стабилна влада“, пренесе БТА.

Младата проруска ултранационалистичка група Преродба го искористи овој геополитички контекст за да продолжи со својот подем: освои 13-14% од гласовите во споредба со 10% на претходните избори.

„Преродба“ ги отфрла сите испораки на оружје за Киев и отворено ја брани идеологијата на Кремљ, истото го прават и социјалистите од БСП – наследници на поранешната комунистичка партија што некогаш владееше со земјата, кои собираат околу 9-10 отсто, забележува француското издание.

„Фајненшл тајмс“ ја опиша „Преродба“ како „проруска партија што води кампања против пристапувањето на Бугарија во еврозоната“.

Партијата е предводена од Костадин Костадинов, академик чиј „популарен прекар е Копејкин, име што се однесува на руската монета“.

Многумина сметаат дека овие избори се клучни за ГЕРБ, чиј лидер Бојко Борисов беше премиер од 2009 до 2021 година, додека не избија протести низ целата земја поради улогата на неговата влада во неконтролираната корупција во земјата, забележа Политико.

Партијата Продолжуваме со промената, предводена од дипломираните студенти на Харвард, Кирил Петков и Асен Василев, и Демократска Бугарија, предводена од Христо Иванов, водат кампања за ветувањето дека Бугарија ќе ја претворат во „европска земја“ со подигање на стандардот на здравството и образованието и правење на судството системот и обвинителството независни. Тие се омилени меѓу помладите гласачи, се вели во изданието.

Меѓутоа, ако земјата повторно не успее да создаде функционална влада, може да ги поткопа нејзините надежи за приклучување кон еврозоната и ефикасно користење на европската помош за закрепнување од пандемијата со ковид-19.

Стравувањата од континуирана политичка нестабилност во балканската земја со 6,5 милиони жители опстојуваат и по петтите последователни избори. Скапата политичка криза е без преседан од крајот на комунизмот во 1990 година. Од падот на Бојко Борисов по една деценија на власт, различните партии не успеаја да формираат трајна коалиција.

Поврзани содржини