ОРОВЧАНЕЦ НЕ ЧУЛ ДЕКА ДАНЕЛА САКА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ НОВА АЛТЕРНАТИВА? Дал оставка пред три месеци

Ниту некој ме консултирал дали да биде Арсовска претседател, ниту ме запознале – вели д-р Оровчанец.

3,331

Поранешниот пратеник и лекар Ѓорѓи Оровчанец, основач на партијата Нова алтернатива, за која се зборува дека ќе биде преземена од градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, вели дека ниту е консултиран ниту е информиран за такво нешто.

– Јас веќе три месеци сум на боледување. За тоа што се случува во партијата никој не ме информирал и си дадов оставка од претседателското место. Ниту некој ме консултирал дали да биде Арсовска претседател, ниту ме запознале – изјави Оровчанец за „Фокус“.






Претходно порталот „Нетпрес“, повикувајќи се на неофицијални извори, објави дека Арсовска ќе ја преземе партијата Нова алтернатива, наводно затоа што не може да ги собере неопходните потписи за регистрација на нова партија. Таа, како што пишува порталот, ќе делува од сенка, а нејзин близок соработник и човек од доверба ќе дојде на чело на Нова алтернатива.

Партијата е основана од страна на Ѓорѓи Оровчанец во 2007 година, во периодот кога тој беше пратеник во Собранието. На парламентарните избори во 2008 година учествува во коалицијата предводена од СДСМ каде што добила едно пратеничко место, а од тогаш, со повремини прекини, настапува во коалиција со СДСМ.

 

ДАНЕЛА ЈА ПРЕЗЕМА ПАРТИЈАТА НА ОРОВЧАНЕЦ? Скопската градоначалничка засега не ги открива своите планови

Поврзани содржини