Ороспијата од Вавилон

Во договор со Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, Плусинфо повремено ќе преобјавува делови од негови колумни објавени во дневниот весник „Дневник“. На тој начин, освен што ќе ги освежиме сеќавањата на овој исклучителен интелектуалец, сакаме да придонесеме и за активностите на Фондацијата која го продолжува неговото благородно дело. Во оваа колумна професорот Марјановиќ пишува за причините поради кои во таа 1998 година се потсетил на песната во која Европа се нарекува „Вавилонска блудница“. На моменти се чини како овој текст вчера да е напишан...

9,162

РЕПРИНТ (Објавено во „Дневник“ на 4 февруари 1998 година)

Пред пет-шес­т го­ди­ни, во свој­ство на прет­се­да­тел на Ли­га­та за де­мок­ра­ти­ја, се сог­ла­сив да про­го­во­ра­м неш­то за „ма­ке­дон­ски­те ра­бо­ти“ за ед­на гер­ман­ска те­ле­ви­зис­ка ку­ќа (АРД, ако не се ла­жам). 3на­ев де­ка Гер­манци­те се вни­ма­тел­ни, пе­дан­тни лу­ѓе, ко­и не­ве­ро­јат­но од­го­вор­но се од­не­су­ва­ат спре­ма то­а што го ра­бо­тат, па се­пак, бев из­не­на­ден од ин­фор­ми­ра­нос­та на да­ма­та што пред ТВ-ка­ме­ри­те го во­де­ше раз­го­во­рот ко­га ми го по­с­тави пра­ша­ње­то со ко­е поч­нав­ме:






– Гос­по­ди­не про­фе­со­ре, ви­е не­о­дам­на из­ја­вив­те де­ка Ев­ро­па е курва…

Мо­ра­м да приз­на­а­м де­ка не ми бе­ше при­јат­но што да­ма­та го зна­е то­а што не­ка­де на­вис­ти­на го бев ре­кол. „Да гос­по­ѓо, го ре­ков то­а ка­ко ци­тат“, гла­се­ше мо­јот од­го­вор. По­то­а (не прем­но­гу оп­шир­но) и ја рас­ка­жав при­каз­на­та за ци­та­тот.

Ѝ ја рас­ка­жав таж­на­та при­каз­на за Илин­ден­ско­то вос­та­ни­е од 1903 го­ди­на, ко­га Ев­ро­па не мрдна со пр­ст за да му по­мог­не на ма­ке­дон­ски­от на­род. Вос­та­ни­е­то бе­ше за­ду­ше­но во крв, а ма­ке­дон­ски­от на­род, кој сè уш­те не­ма­ше ли­те­ра­ту­рен ја­зи­к (ни кни­ги, вес­ни­ци, спи­са­ни­ја), го ка­жа то­а што го мис­ле­ше и чув­ству­ва­ше за Ев­ро­па пре­ку пес­на. А та­а пес­на ја на­ре­ку­ва­ше Ев­ро­па – „Ва­ви­лон­ска блуд­ни­ца“. По­те­м по­ми­на ре­чи­си цел еден век. Ју­гос­ла­ви­ја се рас­пад­на без ви­на на Ма­ке­до­ни­ја. Ев­ро­па уш­те ед­наш се нај­де во неб­ра­но, не зна­еј­ќи што да пра­ви. И, ка­ко што ве­ќе во­о­би­ча­е­но се пра­ви во так­ви при­ли­ки, та­а ја соз­да­де Ар­бит­раж­на­та ко­ми­си­ја на че­ло со не­ко­гаш­ни­от прет­се­да­тел на Устав­ни­от суд на Франци­ја, г. Ба­ден­тер, а во ко­ја бе­ше член и се­гаш­ни­от прет­се­да­тел на Со­јуз­на Ре­пуб­ли­ка Гер­ма­ни­ја, г. Хер­цог, со тврда бе­са де­ка ќе го по­чи­ту­ва неј­зи­ни­от суд. (Впро­чем, за то­а и се пра­ва­т ар­бит­раж­ни­те ко­ми­сии!). Ко­ми­си­ја­та на г. Ба­ден­тер пре­су­ди де­ка Ју­гос­ла­ви­ја се рас­пад­на­ла, а од по­ра­неш­ни­те ју­гос­ло­вен­ски ре­пуб­ли­ки са­мо Сло­ве­ни­ја и Ма­ке­до­ни­ја ги ис­пол­ну­ва­ат ус­ло­ви­те да би­да­т приз­на­е­ни ка­ко су­ве­ре­ни држа­ви.

Ев­ро­па уш­те ед­наш го по­ка­жа сво­е­то ли­це: та­а е за по­чи­ту­ва­ње на пра­во­то, та­а е за по­чи­ту­ва­ње на до­го­во­ри­те, та­а е за по­чи­ту­ва­ње на ар­бит­ра­жи­те, но са­мо ко­га е та­а во пра­ша­ње. Се­то тоа, ед­нос­тав­но, не ја здол­жу­ва­ше ко­га бе­ше во пра­ша­ње Бал­ка­нот. И та­а ре­ши: да ги приз­на­е на две на три „сво­и­те“ (сред­но­ев­роп­ски) зем­ји – Сло­ве­ни­ја и Хрват­ска, но не и Ма­ке­до­ни­ја.

Ти­е де­но­ви, на скоп­ски­те ѕи­до­ви се по­ја­ви гра­фи­тот „ЕЗ – курва!“. Та­ка, оми­ле­но­то из­раз­но сред­ство на мла­да­та ге­не­ра­ци­ја (ко­ја ве­ќе не ги зна­е таж­ни­те по­и­лин­ден­ски на­род­ни пес­ни) го ис­ка­жа ис­ти­от суд за Ев­ро­па ка­ко и ано­ним­ни­от на­ро­ден тво­ре­ц по 1903.: „Е(uropaiche) G(emeinschaft) – Dirne!“ „То­а бе­ше, ка­ко што гле­да­те, гос­по­ѓо, ци­та­т со кој јас лич­но со­се­ма се сог­ла­су­вам!“ Што збо­ру­вав­ме по­на­та­му ве­ќе не се се­ќа­вам, а не е ни важ­но.

На тој дел од раз­го­во­рот, ме­ѓу­тоа, се се­тив де­но­ви­ве…

Целата колумна од проф. д-р Ѓорѓи Марјановиќ прочитајте ја на следниот ЛИНК.

***

Сакате да продолжите со читањето на останатите 319 колумни? Обезбедете си примерок!
Оваа колумна е само една 319-те издадени во збирката наречена едноставно „Колумни“. Оваа книга, како и сите останати во издание на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, не се продаваат на „традиционален“ начин. туку се добиваат како благодарност за вашата донација. Финансиските средства обезбедени од донациите ќе бидат употребени за помош при школување и вработување на деца без родители, што е една од стратешките определби на Фондацијата.

Инструкции за нарачување За да ја добиете оваа книга, кликнете на копчето Донирај на следниот ЛИНК и во полето за забелешка наведете ја адресата на која сакате да ви биде доставена книгата. Донирајте износ по Ваш избор во Фондот за школување на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, а книгите заедно со автограм од авторот ќе Ви бидат доставени на Вашата домашна адреса. Забелешка: Можете да донирате износ по Ваш избор, но не помал од 1000 ден + поштарина. Поштарината за испорака во Македонија изнесува 130 денари. За испорака надвор од Македонија, контактирајте ја Фондацијата претходно.

Поврзани содржини