Орландо Блум: Откако добивме бебе, Кети и јас немаме доволно секс

1,633

Актерот Орландо Блум откри дека тој и неговаата партнерка, пејачката Кети Пери, немаат доволно секс откако се родило нивното прво дете.

Орландо и Кети ја добија ќерката Дејзи Доув во август минатата година.






Во неодамнешното интервју за „Гардијан“ на прашањето каков е неговиот сексуалниот живот со Кети, Орландо признал дека му недостасува сексот.

„Нема доволно секс, но ние само што добивме бебе“, рекол актерот.

Двојката неодамна отпатува на одмор на Хаваите каде Кети беше снимена со прстен на раката, предизвикувајќи гласини дека таа и актерот тајно се венчале, но сè уште ништо не е официјално потврдено.

 

 

Поврзани содржини