ОРИЗОТ СТАНА ДЕЛ ОД ДРЖАВНИТЕ СТОКОВИ РЕЗЕРВИ Пратениците ги изгласаа измените на законот за стокови резерви

Законот беше доставен во Собранието на почетокот на ланската година, но беше блокиран на комисијата за финансирање и буџет. Деновиве пратениците од ВМРО-ДПМНЕ повикаа да се изгласа бидејќи е од значење за оризопроизводителите.

92

Со последните измени на Законот за стокови резерви кои беа донесени вчера и оризот стана дел од производите кои ќе се складираат како резерви од државата.

Законот беше доставен во Собранието на почетокот на ланската година, но беше блокиран на комисијата за финансирање и буџет. Деновиве пратениците од ВМРО-ДПМНЕ побараа итна седница на собранието за да се изгласаат измените бидејќи е од значење за оризопроизводителите.






Министерството за земјоделство по изгласувањето на законските измени соопшти дека ова прашање е дел од Националниот план за производство на храна и Националната Стратегија за земјоделството и руралниот развој за периодот 2021-2027 година, каде што е предвидена мерка „помош за складирање на производи“.

„Целта на мерката е стабилизирање на пазарите во услови на пројавени вишоци на пазарот, преку охрабрување на операторите, привремено да ги чуваат своите производи наместо да ги продаваат на пазарот“, наведуваат од Министерството.

-Оризот, нашето бело злато, е традиционална житна култура во нашата држава. Нашата поддршка, како министерство кон оризопроизводителите, сме ја докажале на дело. За 300 проценти се зголемени субвенциите за оризопроизводителите, а поддршка обезбедуваме и во набавка на специјализирани комбајни за жнеење на ориз и сушари за ориз. Бележиме добра цена на оризовата арпа, која достигнува и до 40 денари по килограм. Извозот, пак на ориз во 2023 година достигна вредост од над 7 милиони евра девизен прилив. Нашата поддршка кон оризопроизводителите продолжува. Останува нејасно зошто беше потребна оваа блокада на Законот, кога истиот можеше да се донесе многу порано, а оризопроизводителите оваа сезона, со поголем мотив да ги посеаат своите полиња, потенцираат од МЗШВ.

Поврзани содржини