ОРИЗОТ ДА ВЛЕЗЕ ВО СТОКОВИТЕ РЕЗЕРВИ Лефков апелира пратениците да гласаат за измените на Законот за стокови резерви

Пратеникот од оваа партија Миле Лефков рече дека овој пат за законот се предвидува скратена постапка и тој е на дневен ред на 74-та седница на Собранието.

93

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието  повторно ги поднесе измените на Законот за стокови резерви со кои се предвидува и оризот да се стави на листата на производи за создавање стокови резерви.

Пратеникот од оваа партија Миле Лефков рече дека овој пат за законот се предвидува скратена постапка и тој е на дневен ред на 74-та седница на Собранието.






– Со  измените на Законот за стокови резерви кои ги поднесовме, се предлага оризот да добие третман на производ од посебно значење и да стане дел од производите кои ги сочинуваат стоковните резерви.Со ова, Агенцијата за стокови резерви ќе може да работи со оризот како со другите култури и ќе овозможи пазарните вишоци да бидат откупени од страна на државата. Преку ова ќе имаме зголемен откуп и реални пазарни цени на оризот – појасни Лефков.

Време е, рече тој,  да престане неодговорниот однос на министерот Љупчо Николовски и на Владата на Ковачевски, кои што ги доведоа оризопроизводителите во  катастрофалната состојба и поради тоа е неопходна брза и решителна акција на Собранието.

Тој им порача на пратениците од владеачката коалиција да  ги тргнат настрана партиските игри и да дадат поддршка на законските измени и да ги помогнат оризопроизводителите.

Поврзани содржини