ЈОРИС СЀ УШТЕ НЕ Е ПРОНАЈДЕН Пријавете каква било информација за исчезнатиот Белгиец, апелира МВР
Во МВР е пријавено дека Марк Јорис е исчезнат, а според пријавеното, тој имал планирано рута за планинарење во реонот Охрид – Струга (Вевчани) – Дебар- општина Маврово и Ростуше и на север кон Албанија.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните доколку имаат каква било информација за Марк Јорис (72), белгиски државјанин кој на 18 септември 2024 од страна на Интерпол Брисел и амбасадата на Белгија е пријавен како исчезнат, да пријават во најблиската полициска станица или на телефонскиот број 112.
Во МВР е пријавено дека Марк Јорис е исчезнат, а според пријавеното, тој имал планирано рута за планинарење во реонот Охрид – Струга (Вевчани) – Дебар- општина Маврово и Ростуше и на север кон Албанија.
Со помош на дрон е извршена потрага и опсервација на теренот, но лицето не е пронајдено, а се преземаат и низа други мерки и активности за пронаоѓање на лицето, соопштија од МВР.