Ѓоргиев: Небулозно е политичари да носат одлуки за Делчев и за цар Самоил

570

Нашата цел како Комисија е да се избегне злоупотребата на историјата во политички цели, бидејќи на Балканот отсекогаш се правело тоа. Нашата цел е во правењето на препораки за подобрување на учебниците да се дадат препораки кои ќе ги апсолутно сведат на нула политизирањето на одредени личности, митологиозирањето, кои потоа се користат во дневно-политички цели, истакна Драги Ѓоргиев, копретседател на Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања за Канал 5.

– Апсолутно неприфатливо е дефинирање на Гоце Делчев од страна на владите. Тие можат да дават изјави, владите можат и да усвојат заклучоци за Гоце Делчев, за цар Самоил, меѓутоа тоа ќе создаде поголем проблем, отколку што ќе го реши проблемот. Работата е да создадат услови, текстови кои ќе им дадат на политичарите можност да тие личности и настани ги употребат за  поврзување на двата народи, македонскиот и бугарскиот. Апсолутно би било небулозно политичари било во Бугарија било овде, да донесат одредена одлука за Гоце Делчев, за цар Самоил, за кој било настан од историјата. Тоа ќе биде преседан кој уште повеќе ќе ја влоши ситуацијата – смета историчарот Ѓорѓиев.

Поврзани содржини