Евроинтеграциите на македонската нација не смее да се условуваат со ултимативно прифаќање на „историски вистини“ од други национални историографии. Историјата и нејзината интерпретација не смее да се доведуваат во врска со потребите на политиката, ниту на било каков начин да се условени од политичките влијанија, што е во целосна спротивност со европските демократски принципи, порачува Институтот за национална историја.
Од Институтот реагираат преку соопштение на актуелната состојба во која, како што велат, цела една нација и историска наука се квалификуваат како фалсификаторство и се бара целосна ревизија на историјата на македонскиот народ и нација.
Драги Ѓоргиев, предводникот на македонските историчари во мешовитата комисија со Бугарија, вели дека позициите на премиерот Зоран Заев нема да им наштетат и дека историските факти се над индивидуалните ставови на политичарите.
– Ставовите на премиерот нема да ни ги врзат рацете и да не стават во подредена положба – изјави тој за телевизија Алфа.