🎥 ОРГАНИЗАТОРОТ НА МИС УНИВЕРЗУМ СЕ ИЗВИНИ СО ПЛАЧЕЊЕ По навредата на Мис Мексико, директорот на натпреварот се обиде емотивно да се извини пред целиот свет
По јавната навреда на Мис Мексико, извршниот директор на Мис Универзум, Нават Ицарагрисил, се извини низ солзи пред целиот свет, на прес-конференција.
Шокантниот инцидент на изборот за Мис Универзум што моментално се одржува во Тајланд доби свој епилог.
Извршниот директор на натпреварот, Нават Ицарагрисил, кој навреди една од убавиците, се обиде да се извини откако предизвика вистинска контроверзност на натпреварот пред неколку дена, а особено за неговото однесување кон Фатима Бош, Мис Мексико.
Видеото од преднатпреварот на кој функционер на натпреварот јавно ја понижи Мис Мексико, се појави на социјалните мрежи за неколку секунди, а многу од присутните убавици, меѓу кои и актуелната Мис Универзум 2024, Викторија Теилвиг, веднаш реагираа напуштајќи еден од официјалните настани.
За време на церемонијата на доделување ленти во хотелот каде што престојуваа натпреварувачките, Ицарагрисил јавно ја прекори Бош затоа што не се појавила на спонзорското снимање претходно во текот на денот.
Тој ѝ рече пред камера да „стане и да се изјасни“, а кога таа се обиде да одговори дека не сака да биде прозвана пред сите, Ицарагрисил ја нарече „глупава“. Дури и побара од обезбедувањето да ја исфрлат од просторијата, но додека Мис Мексико се упатуваше кон излезот, десетици натпреварувачки решија да ја следат во знак на поддршка.
Организацијата „Мис Универзум“ подоцна издаде соопштение во кое се вели дека „сите планирани настани и активности се одвиваат според планот“ и дека целта е да се „прослават различноста, зајакнувањето и инклузивноста“.
View this post on Instagram
Потоа, Ицарагрисил низ солзи се обиде да се извини на сцената и пред медиумите. Тој се извини и на Инстаграм.
– Ако некој не се чувствувал добро, ако некој се чувствувал непријатно. Ако некој бил погоден, им се извинувам на сите – рече тој во видеото, додавајќи дека им се извинил и на присутните натпреварувачки.
На прес-конференцијата, тој рече дека сака да им се извини на сите.
– Немав поим колку голем ќе стане овој проблем.
View this post on Instagram