Организаторите на свадби и музичарите до Владата ќе достават предлози за решавање на застојот во дејноста

На средбата со премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче, угостителите и музичарите покажале свесност за актуелната состојба со пандемијата од ковид-19.

816

Kонкретни предлози како во услови на пандемија да овозможат опстанок на дејноста и истовремено да не се загрози здравјето на граѓаните треба да подготват  и да ги достават до Владата претставници на рестораните за прослави и свадби и ноќните клубови, како и претставници на музичарите кои настапуваат во нив. Ова е договорено на денешната средба на премиерот Зоран Заев и министерот за здравствцо Венко Филипче со претставници на овој сектор од угостителството.

Како што е соопштено од средбата, предлозите за решенија на проблемот ќе ги разгледаат стручните тела на Владата, од економски и од здравствено-епидемилошки аспект, а ќе бидат организирани и дополнителни средби.






На средбата засегнатите сектори од угостителството, се додава во соопштението од Владата, изразиле разбирање и свесност за ризиците кои групирањето на граѓаните на отворени и затворени простори ги носи по јавното здравје.

Во исто време, премиерот Заев и претставниците на Владата демонстрираа запознаеност и разбирање за економските ризици и загуби кои се случуваат во дејноста прослави и свадби.

Притоа заеднички е констатирано дека со оваа средба дијалогот е започнат, а решението треба да овозможи  намалување на  усовите кои доведуваат до зголемен број на заразени од ковид-19 , но истовремено да се најде можност за поддршка на засегнатите во дејноста прослави и свадби која е меѓу најпогодените, со цел намалување на економската штета.

Поврзани содржини