ОРГАНИЗАТОРИТЕ НА ПАЗАРИ ДА ГИ ПРИЈАВАТ ПАЗАРЏИИТЕ ЗА ДАНОК Рокот е 31 декември
Од УЈП потсетуваат дека доколку едно правно лице – организатор на пазар поседува повеќе зелени пазари, ќе треба да поднесе извештај со податоци за секој одделен пазар.
Управата за јавни приходи (УЈП) бара од организаторите на зелените пазари да поднесат извештаи за корисниците на тезги на зелените пазари до крајот на годината.
Од УЈП потсетуваат дека доколку едно правно лице – организатор на пазар поседува повеќе зелени пазари, ќе треба да поднесе извештај со податоци за секој одделен пазар.
-Ако пазарот е од сезонски карактер, потребно е навремено известување до службеното лице во УЈП кое ве администрира како даночен обврзник, со соодветно појаснување и приложени докази, за пазарот да биде означен како сезонски во системот е-Даночни услуги – велат од УЈП.
Доколку во текот на годината настанат промени (престанок на користење на тезга или нов корисник на
тезга), организаторите на пазарите се обврзани да поднесат нов извештај до УЈП.
Оттаму појаснуваат и дека според Законот за данок на личен доход паушално се оданочуваат само физички лица кои вршат продажба на сопствени земјоделски производи на зелените пазари. Останатите продавачи на тезгите се оданочуваат зависно од тоа како се регистрирани – како трговец поединец, правно лице или вршител на дејност
Врз основа на доставените извештаи од страна на операторите со пазари, Управата за јавни приходи врши утврдување на данокот на личен доход, за што донесува решенија за паушално оданочување најдоцна до 31 јануари 2026 година, или најдоцна до крајот на месецот кој следи по месецот за кој се однесува промената во извештајот. Со решението за паушално оданочување, Управата за јавни приходи до даночниот обврзник доставува месечни аконтативни пресметки за плаќање на данокот.
Рок за плаќање на месечните аконтации на данокот на личен доход е до 15-ти во месецот за
претходниот месец.