Организаторите на настани и Битиќи утре ќе разговараат за помош на секторот
„Ивент индустријата“ поради средбата со вицепремиерот го стави во мирување и протестот.
Организаторите на настани кои изминатите денови протестираа пред Владата со барање да им се дадат грантови наместо да им се нуди да конкурираат за организирање на државни јавни настани, денеска соопшти дека утре нивни претставници ќе се сретнат со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
Како што е соопштено, тие денеска добиле покана од Битиќи за средба на која треба да се разговара за изнаоѓање решенија за помош на овој сектор.
Од „Ивент индустријата“ поради средбата го ставија во мирување и протестот.
„Заради желбата за прогрес и изнаоѓање на прифатливо и одржливо решение за помош, од утре протестите ќе ги стават во мирување. Нивното повторно обновување ќе зависи од текот на разговорите и од евентуалното решение кое ќе биде постигнато“ се вели во соопштението.
Организаторите на протестите велат дека се свесни за економската состојба на државата, но укажуваат оти тие се една од најзагрозените гранки како последица на корона-кризата, и затоа бараат поголема помош и поддршка од Владата