Игротеки, детски одморалишта, фотографски студија и фитнес центри ќе добијат државна помош

363

На 33 економски оператори од индустријата за организација на настани кои ги исполниле условите од јавниот повик, ќе им бидат распределени предвидените 15.443.661,00 денари поддршка од шестиот антикризен пакет

На повикот биле поднесени 45 апликации.






Владата на денешната седница одлучи од шестиот пакет за справување со последиците од ковид-кризата, поддршка да добијат и сите 184 правни лица – регистрирани фотографски студија и фитнес центри. За нив се проектирани вкупно  11.924.820,00 денари.

На седницата беше разгледана и информацијата за резултатите од спроведениот јавен повик за финансиска поддршка на регистрирани игротеки и приватни детски одморалишта по што е одлучено да се исплатат вкупно 5.442.232 денари на 73 правни лица кои ги исполнуваат сите услови од јавниот повик.

Поврзани содржини