ОРЕВИТЕ НЕ СЕ БЕЗБЕДНИ ЗА СЕКОГО Кој треба да ги избегнува и колку дневно се доволно

Предноста на оревите во споредба со сите други јаткасти плодови е тоа што тие содржат најголема количина на алфа-линоленска киселина, клучната омега-3 масна киселина и се одличен извор на протеини.

737

Оревите спаѓаат во групата на јаткасти плодови кои се консумираат околу 7.000 години, што значи дека се добри за исхраната на човекот и за одржување на добро здравје.

Може да се јадат сирови, печени, мелени… тие се важна состојка во десертите, салатите и другите јадења.






Богати се со бројни хранливи материи и содржат калциум, витамин Б6, магнезиум, рибофлавин, ниацин, фолна киселина, манган, витамин Ц, фосфор, калиум, цинк и значителен процент од дневните потреби за железо.

Оревите се најбогатите јаткасти плодови со алфа-линоленска киселина

Оревите се исто така одличен извор на алфа-линоленска киселина (АЛА), која е есенцијална омега-3 масна киселина, а според нутриционистите, поголем внес на АЛА киселина е поврзан со подобро здравје на срцето, вклучително и намален ризик од развој на срцеви болести и дијабетес тип 2.

Клиничките испитувања исто така покажале дека внесот на ореви го намалува нивото на ЛДЛ или на „лошиот“ холестерол.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини