ОРЕВИТЕ И ЈАЧМЕНОТ ГО НАМАЛУВААТ ХОЛЕСТЕРОЛОТ Природни лекови за намалување на маснотиите во крвта
Студијата објавена во списанието American Journal of Clinical Nutrition, го испитувала и ефектот од консумирањето јачмен врз оние со предиспозиција за кардиоваскуларни болести и врз пациентите со благо висок холестерол.
Грст ореви дневно може да помогне да се намали ризикот од развој на срцеви заболувања, веројатно затоа што содржи висок процент на витамин Е, заклучија истражувачите од Универзитетот во Калифорнија во неодамна објавената студија.
Тие ја поврзаа потрошувачката на ореви со забавување на несаканиот процес на оксидација на липидите во крвта за 7,4 отсто, што би требало да го намали ризикот од срцеви заболувања. За време на истражувањето, научниците го имале предвид фактот дека оревите се особено богати со гама токоферол, форма на витамин Е, кој е познат по тоа што ги штити мастите од оксидација.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.