Јорданов: Власта во Штип дозволи да се исплати плата од само 2 денари

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ праша како е можно да помине во УЈП декларација на плата во нето износ од два денари и притоа никој да не го санкционира тоа однесување, институциите да затаат и никој да не одговори на тоа како е дозволено да се заобиколат законите во Македонија.

460

Пратеникот од  ВМРО-ДПМНЕ, Иван Јорданов, вечерва во гостување на Алфа телевизија, истакна дека властите во Штип дозволиле да им се исплати плата на вработени во нето износ од само два денари.

– Градот Штип е многу погоден од коронакризата, токму Баргала е една од фабриките каде не се плаќаа плати на вработени. Пред неколку месеци имавме еден пример, лично премиерот го прашав во една прилика на негово гостување во Штип, како е можно да се исплати плата на вработени во нето износ од само два денари– вели Јорданов.






Тој праша како е можно да помине во УЈП декларација на плата во нето износ од два денари и притоа никој да не го санкционира тоа однесување, институциите да затаат и никој да не одговори на тоа како е дозволено да се заобиколат законите во Македонија.

– Дали тука е во прашање влијанието на градоначалникот во Штип кој пак е во роднинска врска со управителот на АД Баргала – праша Јорданов.

Тој посочи дека им нуди на тие граѓани и правна помош за да се докажат на суд ваквите неправди врз вработени и тоа во сред економска криза, но и предложи да се изолира претпоставеното влијание на градоначалникот на Штип, затоа што барањето за стечајна постапка во Баргала мора да заврши, како и да се обесштетат овие луѓе кои со месеци немаат земено плата.

– Очигледно влијанието е пресудно за да не се започне со постапката за стечај и имотот да се распредели на вработените за да бидат обесштетени – посочи пратеникот Јорданов.

Тој вели дека тоа може да се случи само со промена на власта и со едно нормално функционирање на институциите без притисоци, а привлекувањето на домашни и странски инвестиции во Штип е нужно за да се зголеми побарувачката на пазарот на трудот.

Поврзани содржини