Јорданов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ тврди дека за глас на изборите во Штип се плаќало над 200 евра

728

Пратеникот на ВМРО-ДПМНE Иван Јорданов вели дека предвремените локални избори во Штип биле спроведени со закани и уцени, а тврди дека се плаќало и над 200 евра за глас.

– Денес цел Штип беше сведок на мафијашки избори организирани од Зоран Заев, и двоецот Бочварски и Сашко Николов. Заев среде корона: Организираше на сила избори само за да се спасат власт во Штип, вадеа луѓе болни со корона без никакви протоколи, се истурааа со пари за глас повеќе, а цената за глас достигнуваше нешто над 200 евра, се правеа притисоци, закани и уцени само за да ja зачуваат градоначалничка фотелја. Цела држава ја кренаа на нозе за само еден градоначалник. И издвојуваа пирова победа, која денес штипјани скапо ја плаќаат со своето здравје – рече Јорданов.






На парламентарните избори пред само една година гласаа 24 илјади граѓани, на претходните локални избори гласаа 29 илјади граѓани, денес таа бројка е нешто над 14 илјади гласови, додаде пратеникот Јорданов.

– Јасна порака од штипјани, дека денес Сашко победи, но Штип и Македонија изгубија. Заев и СДСМ не се способни да организираат фер и демократски избори. Докторе Николов се случи она што јас ве предупредував, ги намачкавте рацете со криминалот на Заев. Нашиот народ вели нема лезет, а нема зошто денес вашата партија правеше тортура низ Штип, за 8 месеци ќе има повторно избори тогаш ќе го видите вистинскиот одговор од штипјани – рече Јорданов.

Поврзани содржини