Владимир Ѓорчев, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24 рече дека Владата на Зоран Заев направи се за да ја урниса македонската позиција и ја доведе Македонија во најлошa позиција на меѓународната сцена.
– Позицијата и те како е влошена, не само што има блокада од Бугарија, има најава и за нератификување на меморандуми од Грција. Во меѓувреме нашите неразбрани трговци ги избришаа сите црвени линии. Македонија е како никогаш досега поразена и опљачкана, а Европа не сака да почне преговори со најкорумпираната влада. Колку за илустрација 18 години Транспаренси ја следи Македонија и во 2010 година, земјава е на 67 место, во моментов сме најлоши. Сега Македонија е една неподготвена земја за преговори, забаталена, ништо не се случува, се цедат граѓаните преку низа давачки – рече Ѓорчев.
Тој алудирајќи на аферата „Двојник“, додаде дека за граѓаните нема возачки дозволи, регистерски , ама за мафијашите има.
– И кој е крив за ова? Тетката што сликала во пасошко, и чичкото што ставал печати. Не е можно тоа – рече Ѓорчев.