Ѓорчев: Од самиот почеток Договорот со Бугарија има нерамноправна основа

Јас мислам дека од аспект на дипломатска служба пристапивме непринципилено - рече Ѓорчев во своето гостување.

454

Во своето гостување во емисијата „Само Вистина“, поранешниот амбасадор во Бугарија, Марјан Ѓорчев, стратешки партнер на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека Договорот со Бугарија од самиот почеток бил поставен на нерамноправна основа.

– Лошото со Договорот со Бугарија е што на самиот почетокот беше поставен на нерамноправна основа. Ако сакате да имате успех во еден договор треба да бидете рамноправни во сите аспекти на Договорот. Една димензија на договорот, негативната димензија е отсуството на етичката грижа на македонската држава, штом кај вас отсуствува етичката димензија грижа за тие бугарски граѓани кои се декларираат како Македонци и вие бегате тоа да го спомените во договорот од друга страна допуштате на бугарската страна да се грижи за бугарското малцинство во Македонија како што се грижи во Албанија, Косово и слично тогаш вие сте во една нерамноправна положба, настрана што не се ползуваат сите позитивни искуства на македонската држава во градењето на еден принципиелен однос со Бугарија – вели Ѓорчев.






Тој истакна дека самиот начин на преговори без вклучување на амбасадата во техничките рунди само од Скопје идење на екипа, без да го повикаат него да учествува во техничките рунди, како и дека никогаш не бил повикан од страна на Димитров за консултации и никогаш не бил повикан да разговараат кој е ставот на амбасадата за општата бугарска слика за нашата држава и што сакаат тие да постигнат со Договорот.

– Јас мислам дека од аспект на дипломатска служба пристапивме непринципилено – рече Ѓорчев во своето гостување.

Поврзани содржини