Ѓорчев: Македонија секогаш губи кога преговара свитата на Заев

Toj додаде дека природно и нормално е да се користи името Македонија секогаш.

726

Владимир Ѓорчев, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ вечерва гостуваше во емисијата „Само Вистина“ каде што посочи дека став на партијата е дека треба да има етничка припадност во личните карти.

– Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека треба да се даде таква можност – рече Ѓорчев.






Toj додаде дека природно и нормално е да се користи името Македонија секогаш.

– Секогаш кога Зоран Заев, СДСМ, Димитров и целата таа свита преговара, Македонија губи. Значи ние последниве 3-4 години има ли за нешто за што сме се израдувале? Нема. Има ли некоја ситуација каде што ни се наполнило срцето? Не. Ние сме понижени и опљачкани. Македонија никогаш не била попонижена и поопљачкана. Така што не сум оптимист дека било што добро ќе испреговараат, а она за што сум сигурен е дека сето она што сме го граделе и создавале, за она за што сме се бореле со генерации, децении и векови, дека со невидена леснотија ќе биде пуштено низ вода – Ѓорчев.

Toj додаде дека овие четири години се всушност години на понижување на Македонија, за македонскиот народ. Со оваа гарнитура нема црвени линии. Со оваа гарнитура око не им трепнува за работи за кои што на сите ни тежат, кои што се длабоки, кои што се дел од македонскиот идентитет, битисување.

– Истовремено ние во оние згради на „Илинденска 2“ или „Илинденска бб“ имаме неразбрани трговци“ – истакна Ѓорчев.

Ѓорчев посочи дека нема човек во Македонија кој што му верува на Зоран Заев.

– Дојдовме до тоа министер во Владата на Македонија, Бојан Маричиќ од СДСМ и тоа треба да пишува и ќе го пишува еден ден во историските читанки, со свој допис и циркулар вели се забранува користењето на терминот Македонија – рече Ѓорчев.

Toj додаде дека поради Заев и СДСМ не смее граѓанин дома, во своите домови да каже Македонија.

– По рангирањето на Македонија на 111-то место „Транспаренси Интернешнл“ укажува на арамилак, на крадење од Буџетот, од државата. Никогаш не било полошо. Значи меѓународна институција „Транспаренси Интернешнл“ вели Македонија е на најлошо место во изминативе 30 години и тоа е на 111-то место“ – рече Ѓорчев.

Toj посочи дека граѓаните во Македонија со право се разочарани од Заев и Владата бидејќи ништо не направија за државата. И се осврна дека ќе биде вклучен во кампањата и ќе помага на кандидатите. А, неработењето на градоначалниците на СДСМ дополнително ќе им донесе победа на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини