Ѓорчепетровци се побунија против градежната мафија, во сабота ќе блокираат улици

Граѓаните  бараат ревидирање на детелниот урбанистички план  СЗ24 Јурија Дексион, односно намалување на висината  и габаритот на планираните згради.

1,029

Жители на населбата Дексион во општината Ѓорче Петров  во сабота точно напладне ќе излезат на протест против, како што велат, урбаната мафија која дивее во овј дел на Скопје. Тие најавуваат блокирање на улицата Ѓорче Петров кај месноста  Јурија каде што се градат нови згради и каде што , како што велат, се прави злостор на урбанизмот.

Граѓаните  бараат ревидирање на детелниот урбанистички план  СЗ24 Јурија Дексион, односно намалување на висината  и габаритот на планираните згради.






Тие, како што велат, се определиле на протест револтирани од игнорантскиот однос на  одговорните во општоината кои две недели не одговараат на нивните барања.

„Откако по двонеделно игнорирање на нашите барања од страна на општината за ревидирање на ДУП СЗ 24 Јурија Дексион, за да се намали градежниот габарит и висината на зградите, ние граѓаните на населбата Дексион организирани во Иницијатива против урбано дивеење ќе излеземе на мирен протест“, пишува во поканата.

Организаторите најавувааат мирен и достоинствен протест со почитување на  сите заштитни мерки за ковид-19.

Поврзани содржини