ЃОРЧЕ ПЕТРОВ СО СУБВЕНЦИИ ЗА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА Општината ќе покрива дел од трошоците за младите

Младите од 18 до 25 години ќе можат да добијат 10.000 денари помош за возачка дозвола.

0

ЃОРЧЕ ПЕТРОВ СО СУБВЕНЦИИ ЗА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА / општината ќе покрива дел од трошоците за младите

Општина Ѓорче Петров ќе доделува субвенции од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит од Б категорија за млади лица на возраст од 18 до 25 години, соопшти градоначалникот Александар Стојкоски преку објава на социјалните мрежи.






Како што информира Стојкоски, Советот на општината донел одлука со која, како што наведува, директно се инвестира во младите и се реализира уште едно предизборно ветување.

– Реализираме уште едно предизборно ветување. Советот на општина Ѓорче Петров донесе одлука со која директно инвестираме во младите. Обезбедуваме субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, за млади лица од 18 до 25 години – напиша градоначалникот.

Тој потенцира дека мерката не претставува само финансиска помош, туку, според него, е вложување во самостојноста и мобилноста на младите.

– Ова не е само финансиска поддршка. Ова е вложување во нивната самостојност, мобилност и сигурна иднина. Исполнуваме ветување, даваме конкретна помош и создаваме можности – истакна Стојкоски.

Градоначалникот додаде дека во време кога трошоците се зголемуваат, општината има цел да застане „рамо до рамо со младите“ и најави продолжување на политиките за, како што вели, реална поддршка.

Поврзани содржини