Ѓорче Петров протестира против урбаната мафија
Граѓаните бараат ревидирање на детелниот урбанистички план СЗ24 Јурија Дексион, односно намалување на висината и габаритот на планираните згради.
Под мотото „Стоп за урбаната мафија’“ и со сирени жители на населбата Дексион во општината Ѓорче Петров денеска го изразуваат својот револт што општината дозволила изградба на високи згради во месноста Јурија, без да ги консултира.
Тие ја блокираа главната сообраќајница во општината улицата Ѓорче Петров точно напладне со барање да се ревидира детелниот урбанистички план СЗ24 Јурија Дексион, односно намалување на висината и габаритот на планираните згради.
Тие, како што рекоа, се незадоволни зашто одговорните во општоината две недели не им одговориле на нивните барања. Граѓаните јавно го прашаа градоначалникот на општината александар Наумовски дали и кога ги консултирал граѓаните за промена на ДУП-от.
Според нив тука треба да никне бетонски ѕид од 58 метри во кој ќе се населат 3.000 нови жители.
-Јавноста а не вие треба да одлучи какви градби ќе има на овој простор. Подигање на згради високи 60 метри во овој дел ќе го наруши квлаитетот на живеење на граѓаните. Притоа го потсетуваме градоначалникот дека со намален капацитет на комуналниата инфраструктура овие згради ќе придонесат за влошување на животот. Овде нема доволно градинки ни училишта ниту инфраструктура која ќе одговара за таков вид на згради. Ние не бараме да не се гради ,туку тоа да биде во согласност со инфраструктурата – изјави еден од граѓаните.
Тој додаде дека протестите ќе се одржуваат се додека не се прифатат нивните барања.