ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ ГО ВОСКРЕСНЕ СКОПЈЕ Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ со големи амбиции

1,010

Подготвен сум да го воскреснам Скопје, ќе останам близок со народот, а од мене не очекувајте да бидам салонски политичар, ќе ме гледате на терен, ќе работам максимално посеветено, истакна актуелниот градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, за кој денеска Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да го кандидира за градоначалник на Град Скопје на локалните избори што ќе се одржат во октомври.

Ѓорѓиевски рече дека е свесен во каква состојба е Скопје, но дека тоа ќе се промени.






– Од утре влегуваме во процес на креирање на кампањата. Она што сите го знаеме и во силен фокус е решавањето на сообраќајниот хаос, хаосот со дивите депонии, градот е прљав, немаме улица или маало каде што немаме проблем со хигиената. Тоа е она што најмногу ги тишти скопјани, не само во изминатите 4 години, туку и неколку години претходно. Не можеме да направиме далечна отстапка од она Петре Шилегов како владееше со градот и Данела (Арсовска), речиси и да нема некоја разлика меѓу нив двајца – рече Ѓорѓиевски.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска на прес конференција порача дека нема разлика меѓу владеењето на Петре Шилегов и на Данела Арсовска.

Поврзани содржини