ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ ИМА ПОГОЛЕМ РЕЈТИНГ ОД ЧЕТВОРИЦАТА ОПОНЕНТИ Анкетите навестуваат победа на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје
На прашањето за кој кандидат за градоначалник на Скопје ќе гласаат на локалните избори, 29.0% од испитаниците се изјасниле дека ќе гласаат за Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, додека пак 29.6% од испитаниците одговориле дека не знаат или се неопределени. За Каја Шукова од СДСМ 8.1%, Амар Мециновиќ од Левица се изјасниле 7.3%, 6.2% за Башким Бакиу 5.9%, за Горан Марковски 5.9%.
Орце Ѓорѓиевски има поголем рејтинг спореден поединечно со рејтинзите на првите четворица кандидати за градоначалник на Град Скопје.
Ова го посочува последната анкета на Институтот за политички истражувања Скопје, кој направи опсежна анкета за потребите на МРТ и ја подготви анкетата за локалните избори, конкретно за случувањата околу трката за градоначалник на Град Скопје, а и целосната состојба во Скопје.
На прашањето за кој кандидат за градоначалник на Скопје ќе гласаат на локалните избори, 29,0% од испитаниците се изјасниле дека ќе гласаат за Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, додека пак 29,6% од испитаниците одговориле дека не знаат или се неопределени.
За Каја Шукова од СДСМ 8.1%, Амар Мециновиќ од Левица се изјасниле 7.3%, 6.2% за Башким Бакиу 5.9%, за Горан Марковски 5.9%.
На прашањето, Која партија сметате дека ќе победи на претстојните локални избори, 42.6% од испитаниците сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на локалните избори.
На прашањето во каква насока се движи градот Скопје, над 50,3% сметаат дека во моментов Скопје се движи во целосно погрешна насока.
На уште едно прашање во врска со состојбата во Град Скопје, дали во споредба со изминатите години животот во Скопје е подобар или полош, 38,2% од испитаниците се изјасниле дека е многу полош.
24,2% од испитаниците се изјасниле дека ќе гласаат за советничката група од ВМРО-ДПМНЕ, а 7.7% за СДСМ, додека пак за Левица кажале дека ќе гласаат 5.8% испитаници.
За Граѓанската платформа Независни заедно се изјасниле 2,2% испитаници.