ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ И ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ПОСТАВАТ ТЕМЕЛ ЗА ЧИСТО, МОДЕРНО СКОПЈЕ Според Манасиевски изборот за вториот круг за скопјани е јасен
Мнозинството во Советот на Град Скопје ќе овозможи стабилност, координација и побрзо реализирање на ветените проекти – рече Манасиевски.
Скопјани на 2 ноември ќе изберат пред сѐ човек, а потоа и градоначалник, човек кој знае како да работи за граѓаните. Со Орце Ѓорѓиевски и мнозинството во Советот, ќе ги поставиме темелите на промените што му се потребни на главниот град – рече денеска на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
– Поддршката што ја добивме од над 91.000 граѓани уште во првиот круг е голема чест и уште поголема обврска. Таа доверба покажува дека граѓаните препознаваат резултати, кои Орце Ѓорѓиевски ги покажа на локално ниво во Кисела Вода, како и на државно ниво каде Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 16 месеци значително помогна во развојот на општините.
Мнозинството во Советот на Град Скопје ќе овозможи стабилност, координација и побрзо реализирање на ветените проекти, нови мостови, почист воздух, повеќе зелени површини и поефикасен јавен превоз – рече Манасиевски.
Говорејќи за СДСМ, Манасиевски рече дека тоа е петта партија во Скопје, со околу 26.000 гласови, или 3,5 пати помалку од ВМРО-ДПМНЕ.
– СДСМ доживеа сериозен пад и покажа дека нема доверба кај граѓаните. Наместо да понудат аргументирана критика или пак решенија на проблемите, тие продолжуваат по истата погрешна насока. Разликата е јасна, ВМРО-ДПМНЕ е партија која работи чесно, одговорно и транспарентно, а нашите ветувања се реални и остварливи. Затоа, почитувани граѓани, на 2 ноември, изборот е едноставен, а тоа е вистинскиот избор, гласајте за Орце Ѓорѓиевски, за бројот 9 – рече Манасиевски.