ОРЦЕ Е НОВИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СКОПЈЕ Мисајловски најави историска победа на ВМРО-ДПМНЕ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ се заблагодари на сите граѓани кои излегле да гласаат, додавајќи дека првичните резултати покажуваат значајна предност на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ во повеќе општини низ државата.

553

По затворањето на избирачките места и завршувањето на вториот круг од локалните избори, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и министер за одбрана Владо Мисајловски во изјава за телевизија Алфа оцени дека денот поминал во мирна и демократска атмосфера и дека, според него, ВМРО-ДПМНЕ остварила историска победа.

– Еден убав демократски ден, без пропуст, со позитивна атмосфера. Можам да прогласам историска победа на ВМРО-ДПМНЕ — направивме историја – изјави Мисајловски.






Тој се заблагодари на сите граѓани кои излегле да гласаат, додавајќи дека првичните резултати покажуваат значајна предност на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ во повеќе општини низ државата.

– Орце е новиот градоначалник на Скопје. Водиме во Карпош, Кичево, постојано пристигнуваат позитивни резултати. На сите останати места убедливо водиме – нагласи Мисајловски.

Тој изрази очекување дека партијата ќе ја потврди оваа, како што ја нарече, „убедлива и историска победа“, по објавувањето на конечните резултати од страна на Државната изборна комисија.

Поврзани содржини