ОРБАН ПРЕДУПРЕДУВА ДЕКА ЕВРОПА Е НА РАБОТ НА ВОЈНА Унгарскиот премиер ја повикува јавноста да го крене својот глас
Граѓаните на Европа мора да го кренат својот глас, во спротивно европските лидери ќе влезат во војна - рече Орбан, додавајќи дека ги гледа „истите знаци како и пред Првата светска војна“.
Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, денеска изјави дека ситуацијата е опасна и дека Европа е на работ на војна.
– Граѓаните на Европа мора да го кренат својот глас, во спротивно европските лидери ќе влезат во војна – рече Орбан, додавајќи дека ги гледа „истите знаци како и пред Првата светска војна“, пренесува МТИ.
Ставот на унгарската влада не е обликуван од интересите на другите, рече Орбан, додавајќи дека се води од интересите на Унгарија и ќе ги промовира само тие интереси, дури и ако тие не се совпаѓаат со интересите на другите. Тој повика на „искрени и длабоки разговори“, но додаде дека медиумите финансирани од странство не се суверени и не треба да се водат дискусии со нив. Орбан исто така рече дека има многу левичари со кои може да соработува околу важноста на мирот и ги повика Унгарците кои го сакаат мирот да се приклучат.
Во врска со војната во Украина, Орбан оцени дека ниту Русија ниту Украина не се подготвени за мир и дека е потребно влијание од големите сили за преговори. Според него, Украина повеќе не е суверена и преживува благодарение на западната помош.