ОРБАН ПОБАРАЛ ПРЕКИН, ЗЕЛЕНСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИЛ „Ова може да биде основа за иден договор“

Зеленски на заедничката прес-конференција рече дека денешните разговори со Орбан може да бидат основа за идните договори меѓу Киев и Будимпешта.

1,464

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му заблагодари на унгарскиот премиер Виктор Орбан што ја посети Украина по 12 години пауза. Орбан денеска ненадејно пристигна во Киев, а извори од Будимпешта уште синоќа тврдеа дека на средбата ќе стане збор за признавање на правата на унгарското малцинство во Украина.

По средбата Орбан откри дека побарал од Зеленски да размисли за итен прекин на огнот и му рекол дека тоа ќе ги забрза мировните преговори со Русија.






Орбан додаде дека Будимпешта сака да ги подобри врските со Украина и да потпише билатерален договор за соработка, но и да учествува во економскиот развој на Украина, пренесува Ројтерс.

„Благодарен сум на Унгарија за учеството на мировниот самит (во Биргенсток, Швајцарија минатиот месец) и за поддршката на заедничкото коминике од самитот. Нашата работа во овој формат навистина помага да се стави крај на војната“, изјави Зеленски во објава на платформата  Икс.

Ова е и прва посета на Орбан од почетокот на војната во Украина. Шефот на кабинетот на Зеленски на Телеграм напиша:

„Направивме многу за да ја оствариме оваа посета. Важни разговори за иднината на Европа, безбедноста, меѓународното право и формулата за мир, напиша Јермак“.

Посетата на Орбан дојде откако Унгарија вчера го презеде претседавањето со ЕУ во следните шест месеци.

Поврзани содржини