ОРБАН НОСЕШЕ ШАЛ ЗА ДА СЕ „ПОШАЛИ“ СО УКРАИНА Во Голема Унгарија спаѓаат и Австрија, Словачка, Романија, Хрватска…(ФОТО)

Украинските медиуми прикажаа фотографии од средбата на Орбан со унгарскиот фудбалер, на која тој носи шал за кој Украинска правда утврди дека покажува карта на „Голема Унгарија“, вклучувајќи ја територијата што сега е дел од соседните земји Австрија, Словачка, Романија, Хрватска, Србија и Украина.

443

Украина ќе го повика унгарскиот амбасадор во знак на протест поради тоа што премиерот Виктор Орбан отишол на фудбалски натпревар со шал на кој е прикажана украинска територија како дел од Унгарија, соопшти во вторникот украинското Министерство за надворешни работи, пренесува Н1.

„Промовирањето на ревизионистичките идеи во Унгарија не придонесува за развојот на украинско-унгарските односи и не е во согласност со принципите на европската политика“, изјави портпаролот на министерството Олег Николенко на Фејсбук.

 






Николенко рече дека Украина сака извинување и дека сите претензии за украинска територија ќе бидат побиени.

Украинските медиуми прикажаа фотографии од средбата на Орбан со унгарскиот фудбалер, на која тој носи шал за кој Украинска правда утврди дека покажува карта на „Голема Унгарија“, вклучувајќи ја територијата што сега е дел од соседните земји Австрија, Словачка, Романија, Хрватска, Србија и Украина, односно териториите на некогашната Австроунгарска монархија.

Поврзани содржини